јуни 14, 2024

14-ти ЈУНИ СВЕТСКИОТ ДЕН НА КРВОДАРИТЕЛСТВОТО

            По повод 14-ти Јуни Светскиот Ден на крводарителството Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци организираше делење на флаери со натпис “ Дарувај крв, биди хуман”. Флаерите беа поделени од страна на младите волонтери кои се членови во Клубот на млади на Општинската Организација на Црвен крст Кавадарци.

            Општинската организација на Црвен крст Кавадарци како организатор и мотиватор секогаш е во редот на најдобрите организации во оваа дејност и минатата 2023 година го зазема третото место во државата со реализирани 2676 единици крв.

            Честит нека е денот на сите крводарители кои со своето дарување спасиле нечии животи и благодарност до сите мотиватори.

< врати се назад