мај 16, 2023

DRӒXLMAIER со успешна крводарителска акција!

Под мотото „Биди хуман – дарувај крв“ успешно реализиравме доброволна крводарителска акција во која учествуваа наши колеги кои ја покажаа својата хуманост на дело.

Во акцијата учествуваа повеќекратни крводарители, а имаше и такви кои првпат даруваа крв.

Им благодариме и горди сме на нашите колеги кои преку волонтерски пристап и со многу ентузијазам се приклучија кон оваа хумана активност.

Акцијата беше спроведена во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и подрачната единица на Црвен Крст – Кавадарци.

„Драго ни е што DRӒXLMAIER заедно со своите вработени иницираше доброволна крводарителска акција која во целост беше успешно реализирана. Секоја капка крв е важна и затоа и понатаму да продолжиме да ја покажуваме нашата хуманост и поддршка едни за други“ – рече Др. Лујза Димитрова од Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.

< врати се назад