септември 11, 2023

Ангажирана екипа по Прва Помош на Тиквешки Гроздобер

            Екипата од Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци која ќе учествува на државниот натпревар по Прва Помош во Велес во период од 08 до 10 септември по повод традиционалниот настан “Тиквешки гроздобер” беше ангажирана за укажување на Прва помош во случај на потреба.

            Поради огромниот број на гости и посетители на настанот и за време на концерти на трите вечери будно ја следеа состојбата заедно со екипите од ИТМ при општа болница Кавадарци, и укажаа прва помош на околу 20 лица.

            Задоволство од екипата по Прва помош изразија Градоначалникот на Општината, останатите учесници на настанот, граѓаните и посетителите.

< врати се назад