
февруари 20, 2023
БЕСПЛАТЕН ОДМОР И РЕКРЕАЦИЈА НА ДЕЦА ОД СЕМЕЈСТВА СО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК
НА ПОПОВА ШАПКА
По програмата на МТСП за бесплатен одмор во зимскиот период на деца од семејства од социјален ризик во период од 03-08 јануари 2023 година во хотел Славија на Попова Шапка беше ангажиран волонтер на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Кавадарци.
Волонтерот на Црвениот крст во улога на воспитувач и аниматор на децата од Кавадарци кои престојуваа на Попова Шапка поминаа прекрасен шестдневен одмор со прошетки во природа, чист воздих и дружење со децата од повеќе градови од Македонија следејќи ја програмата на активности: рекреација на децата, друштвени и забавни игри.












































