
ЕДНОДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА ВО ДОЈРАН
Согласно проектот “Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби” финансиски поддржан од Комерцијална банка на ден 13.06.2023 година беа на еднодневна екскурзија во градот Дојран децата од посебните паралелки за деца со посебни потреби при основното училиште Страшо Пинџур Кавадарци и децата од Дневниот центар.
На ова еднодневно дружење беа околу 20 лица со посебни потреби, претставници од нивните наставници и волонтери на Црвениот крст и сите заедно во еден прекрасен ден си поминаа весело, забавно и среќно.
Лицата со посебни потреби го прошетаа прекрасниот град со убавото дојранско езеро со дружење и на крај за сите следуваше заедничко освежување.
Децата многу се радуваа за прошетката и за дружењето. Но посебен впечаток оставија волонтерите пред воспитувачите на децата, со својата љубезност, грижа и посветеност кон децата во текот на целиот ден. За овој настан беа информирани и локалните медиуми.












































