мај 29, 2024

ЕКО-АКЦИИ

            На ден 24.05.2024 година младите волонтери од клубот на млади од Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци организираа 2 еко-акции.

            Во организација заедно со ЈП Комуналец младите волонтери посадија леи со  цвеќиња на кружниот тек за поубав и почист град. Младите со оваа акција научија како правилно се сади цвеќе.

            Втората еко-акција беше собирање на ѓубре од игралиштето за кошарка каде навивачите на ФК Тиквеш се собираа и одеа за Скопје на натпревар и имаше доста расфрлани хартии, шишиња и кеси од амбалажа па младите исто така заедно со ЈП Комуналец го собраа во црни вреќи.

            Самите акции беа успешно реализирани од младите кои ги иницираа и граѓаните од околината да се приклучат во акцијата и дадоа пример.

< врати се назад