
октомври 10, 2019
НЕДЕЛА НА МЛАДИ
По повод Неделата на млади Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци со членовите од Училишниот клуб на млади на Црвен крст од ООУ ,,Страшо Пинџур“ се вклучи во хуманитарната акција на отворениот ден на училиштето со цел подигање на свеста од најмали нозе за функционирање на граѓанското општество.
Притоа беше поставен штанд на Црвениот крст каде сите заинтересирани ученици, родители и наставници имаа можност да донираат храна, облека, обувки и други материјални добра кои потоа беа распределени на свои соученици кои имаат потреба од истата.
Психолошко-педагошкиот и наставничкиот кадар со одговорното лице дадоа голема подршка на оваа акција на Училишниот клуб на Црвен крст во училиштето.











































