
НОВ ЦИКЛУС – ПРВА ЦКА-ПХВ РАБОТИЛНИЦА 2020 ГОДИНА
Во склоп на проектот ЦКА/ПХВ (нов циклус 2020 година) на 05.02.2020 година во просториите на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци беше успешно реализирана првата работилница од вкупно планираните три.
Присуствуваа 44 ученици од основните и средните училишта, а целта на работењето на овој проект е оспособување на младите на возраст од 13-18 години да креираат микро проекти кои ќе имаат за цел да ја промовираат културата како систем од вредности, ќе промовираат активен пристап кон животот и зајакнување на локалните капацитети .
Работилницата беше водена од дисеминаторот одговорен за ПХВ проектот во Кавадарци, учениците беа поздравени од лидерот на млади и од волонтерите кои веќе се обучени за овој проект и во овој циклус ќе ги менторираат работите со новите волонтери.











































