
НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА
Вработените од Подружницата ХЕЦ „Тиквеш“-Кавадарци , АД „ЕСМ“-Скопје преку Синдикалната организација обезбедија 44 новогодишни пакетчиња за децата од Дневниот центар и Посебните паралелки за лица со телесни и ментални попречености, за деца од социјални семејства и за Малиот групен дом за згрижување деца во ризик, а активноста се спроведува во соработка со Волонтерите на Општинската организација на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Кавадарци и ЈУ „Меѓуопштински центар за социјални работи“ -Кавадарци.
Целта е во текот на празнувањето да се посвети внимание на оние на кои тоа им е најпотребно и во текот на денешниот ден новогодишните пакетчиња ќе бидат доставени до Дневниот центар, Посебните паралелки, Групниот дом за деца во ризик и деца од социјални семејства на домашна адреса.












































