февруари 20, 2023

Обука за врснички едукација

На 28 и 29 Јануари во просториите на Црвен крст Неготино се одржа обука за врсничка едукација од страна на тројца едукатори од Црвен крст Битола.

11 Волонтери од клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци земаа учество на обуката и притоа преку игри и забава се стекнаа со знаења за врсничка едукација.

Волонтерите беа презадоволни од обуката, се стекнаа со нови знаења и добија задача за одржување по две презентации во Општинската Органзација Кавадарци.

Во тек се подготовките на презентациите кои волонтерите ќе ги презентираат во наредниот период.

< врати се назад