декември 23, 2024

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 3ти ДЕКЕМВРИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

            Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Кавадарци во склоп на проектот “Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби” заедно со лицата со посебни потреби од Дневниот центар и Посебните паралелки од училиштето Страшо Пинџур Кавадарци го одбележаа 3ти Декември Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби.

            На околу 15 деца од посебните паралелки им беа донирани едукативни игри и игри за забава, додека околу 15 деца од Дневниот центар беа на ручек со цел децата да научат правилно однесување за време на земање оброк, а во исто време и да се дружат и забавуваат.

            Овој проект е финансиски поддржан од Комерцијална Банка АД Скопје, истиот се реализира години наназад и од истиот се задоволни децата, нивните родители и наставници, преку кој проект се одржуваат бројни активности, работилници и рекреативни прошетки кои им прават задоволство и радост на децата.

< врати се назад