април 9, 2024
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА НЕДЕЛАТА НА ХИГИЕНИЗАЦИЈА
По повод недела на хигиенизацијата од 08-15 април на ден 09.04.2024 година Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци организира едукативни работилници под мотото “Хигиената-лична обврска за колективно здравје” на најмалите дечиња односно во градинките.
Целта на овие едукативни работилници е да се зголемува свеста за јавното здравје и превенција на болести поврзани со лошите хигиенски практики, заеднички да придонесеме за важноста од правилна и редовна хигиена кај младата популација.
Дечињата од градинките беа доста активни во делот на прашањата затоа кога тие ги мијат своите рачиња и како одржуваат лична хигиена.












































