февруари 20, 2023

ПРВА ЦКА/ПХВ РАБОТИЛНИЦА ВО ЦРВЕН КРСТ КАВАДАРЦИ

Оваа година од месец Февруари, во Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци започна имплементацијата на програмата Црвен Крст во Акција- Промоција на Хуманите Вредности (ЦКА-ПХВ), циклус 2023 година.

ЦКА-ПХВ е самостоен проект што функционира во рамките на редовните активности на Црвен Крст на РСМ, а е поддржан од страна на Меѓународниот комитет на Црвен Крст, Бирото за развој на образованието и Црвен Крст на Република Северна Македонија.

Истиот се имплементира уште од 1997 година и ПХВ е проект преку кој младите волонтери стекнуваат соодветна едукација за : препознавање на потребите на заедницата, изработка на проекти и самостојно организирана пракса на терен, преку директна помош на ранливото население.

На 16.02.2023 година се одржа првата дисеминациска обука за младинците од основните и средните училишта, а ќе се реализираат уште две обуки до 3 Март, по кои младинците активно ќе се впуштат во изработка на мали проекти и помагање на населението во општината.

< врати се назад