февруари 20, 2023

Прва и успешна крводарителска акција во 2023 година во организација на Црвен Крст Кавадарци

На 18 јануари 2023 година согласно годишниот интегрален план за крводарителство на организацијата, во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Кавадарци, ИТМ Скопје спроведе доброволна крводарителска акција во Домот на културата ,,Иван Мазов Климе“во Кавадарци .

Посебно сакаме да напоменеме дека од година во година на оваа прва акција од календарската година бројот на нови крводарители се зголемува, хуманоста на граѓанството расте и крв даруваа 48 крводарители.

Посебно важно што треба да се истакне е дека во организирањето и спроведувањето на акцијата придонесува и начинот и пристапот на вработените и одговорното лице од Домот на културата, кои оддаваат голема почит и внимание кон хуманиот човек, односно крводарителот. Акцијата беше проследена и од локалните медиуми.

< врати се назад