јуни 12, 2023

Доделување на сертификати на негователи за помош и нега на стари лица и лица со попреченост

На ден 07.06.2023 година Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци ги додели сертификатите на новите негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост кои успешно ја завршија обуката.

Обуката беше во траење од 3 месеци теоретски и практичен дел, составена од 4 модули и завршен тест кои го завршија успешно 18 негуватели и се стекнаа со сертификати и назив “Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост”.

Целта на овие обуки е подобрување на социјалните услуги и здравствената состојба на старите лица и лица со попреченост во Општина Кавадарци.

            Обуката ја следеа негуватели од територијата на Општина Кавадарци и обука беше со самофинансирање.

< врати се назад