
февруари 24, 2023
ВТОРА ЦКА – ПХВ РАБОТИЛНИЦА ВО ЦРВЕН КРСТ КАВАДАРЦИ
Во Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци одржана e и втората обука од програмата ЦКА-ПХВ (циклус 2023 година) за младинците од нашата општина која се одржа во основното училиште “ Тошо Велков – Пепето”.
Младинците успешно ја поминаа обуката, стекнувајќи знаења од областа на препознавање на потребите на заедницата во која активно ќе работат и делуваат на терен, ќе лоцираат проблеми, причини поради кои настанале овие проблеми и последици од тоа.
Младите на 24.02.2023 година, на втората обука беа запознаени со подготовката на нивните мали проекти и важноста за одредувањето на нивните цели при работењето.













































