
ТВОЕТО НЕЗНАЕЊЕ ЧИНИ ЖИВОТ
Во месец февруари 2020 година, во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Кавадарци, а во склоп на кампањата „Твоето незнаење чини живот“ и во соработка со одговорните лица од средното училиште ,,Киро Спанџов Брко“ договорени се 3 курсеви по прва помош со учениците од трета и четврта година на возраст од 16-18 години и тоа на 06 и 07 февруари 2020 година од страна на Д-р Ѓорѓи Митрев и демонстраторот Евица Димова со помош од младите волонтери на организацијата.
Со овие курсеви за прва помош ќе бидат опфатени околу 150 ученици кои ќе имаат можност да ја проследат информативната презентација, да ги стекнат основните знаења за првата помош и истовремено да разменат искуства со предавачите.
Денес на информативната работилница беше побарана подршката од училиштето за развој на првата помош во заедницата при соработката со Црвениот крст, а и самите изразија благодарност за предавањата реализирани од страна на предавачот и демонстраторот и некои од нив дадоа предлог да се одржуваат почесто курсеви од овој тип и други едукации кои се од интерес на образовните потреби, а ќе им бидат од корист и нив и на учениците.
Општинската организација има планирано 8 работилници во средните училишта, од кои веќе 2 се одржаа во ЗШУЦ ,,Ѓорче Петров“, во февруари во моментот се одржуваат планираните 3 работилници во ЕМУЦ ,,Киро Спанџов Брко“ и во март исто така планирани се 3 работилници по прва помош во гимназијата ,,Добри Даскалов“.
Планираме со овие 8 планирани работилници да опфатиме околу 150 ученици од средните училишта во Кавадарци кои ќе бидат информирани за значењето на првата помош, местото каде се одржува наставата за прва помош за возачи и да одговориме на останати прашања од нивен интерес.











































