
УЧЕСТВО НА КАМП ЗА МЛАДИ ПЛАНИНАРИ
Од 27-30 јуни во село Мрежичко се одржа камп за млади планинари од Републока Македонија и притоа екипа од Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци на покана на организаторот учествуваше со предавања и показни вежби за правилно и навремено укажување по прва помош.
Екипата за прва помош со задоволство го прифати предизвикот, притоа користејќи ППП презентација, при што младите планинари имаа можност одблиску да се запознаат со средствата што треба да ги содржи сандачето за прва помош, меѓутоа и со прирачните средства кои може да се користат доколку се на планина или во рурална средина кеде нема стандардни средства за прва помош. Притоа следуваше и демонстрирање на повреди и нивно санирање.
По завршувањето со едукативните предавања учесниците на кампот беа поделени во групи со ментори од екипата за прва помош, при што сите имаа можност да изведат практични вежби и да го покажат она знаење што го научиле и стекнале за време на едукацијата по прва помош.
Задоволни и исполнети со нови искуства, вештини и знаења пред се како планинари , а и како ученици и идни возачи, учесници во сообраќајот, младите планинари се заблагодарија на тимот од Црвениот крст, со надеж за повторна средба од ваков тип каде покрај тоа што се стекнаа со нови знаења имаше и дружба и прошетка по планинскиот чист воздух на планината Кожув и до изворите на природната минерална вода во фабриката Кожувчанка.











































