мај 30, 2024

УСПЕШНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА

На ден 30.05.2024 година се одржа успешна крводарителска акција во салата на Општина Кавадарци.

Во организација на Црвен крст Кавадарци, а ја реализира екипата од ИТМ Скопје беа дарувани 39 единици крв.

Благодарност до сите крводарители кои даруваа крв, до екипата на ИТМ Скопје за соработката како и до медиумите кои се секогаш тука за нас.

< врати се назад