јуни 28, 2024

УСПЕШНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА

            На ден 27.06.2024 година во просториите на Собрание на Општина Кавадарци се реализира успешна крводарителска акција.

            Оваа акција беше организирана од страна на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци а ја реализираше екипата на ИТМ- Скопје.

            Со голема поддршка на Градоначалникот, Советот на Општината и вработените и посебно признание и чест на граѓаните од Кавадарци крводарителите, најхуманите од хуманите се реализира уште една успешна крводарителска акција во Кавадарци на која даруваа 41 крводарител, хумани и секогаш солидарни луѓе.

Посебно важно што треба да се истакне во организирањето и спроведувањето на оваа акција е сериозниот пристап на сите чинители за да оваа акција биде успешна.

Се надеваме дека барем малку ќе придонесеме во стабилизирање на потребите за крв и крвни продукти на територија на нашата земја, а со тоа и потребите на оваа драгоцена течност ќе бидат задоволени.

Голема благодарност до сите учесници во акцијата, а посебно до крводарителите. Акцијата беше проследена и од локалните медиуми.

< врати се назад