јули 17, 2024

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА КРВОДАРИТЕЛСКАТА АКЦИЈА ВО ГРАНИЧНА ПОЛИЦИЈА РЦ-ЈУГ

Во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци, Гранична полиција – Регионален центар Југ на 17.07.2024 година, тимот од ИТМ Скопје во просториите на Гранична полиција спроведоа доброволна крводарителска акција каде вработените и овој пат како и во годините наназад ја покажаа својата хуманост и солидарност кон болните и повредените дарувајќи крв.

Акцијата ја изведе екипа од Институтот за трансфузиона медицина на РСМ Скопје и притоа дарувани се 22 единици крв.

Голема благодарност до вработените од безбедносните служби кои покрај својата редовна работа, одржување на безбедност на граѓаните, секоја година преку две крводарителски акции во годината обезбедуваат доста единици крв, даваат поддршка и помош на граѓанството од Кавадарци, Росоман и пошироко во државата, а со тоа хуманоста кај овие луѓе од година во година се повеќе се зголемува.

< врати се назад