мај 29, 2024

ВЕЖБА – “ ХУМАНИТАРЕН ОДГОВОР 2023 ”

            На ден 29.05.2024 година Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци по повод Недела на Црвен крст на РСМ и 21 Мај Осамостојување на Црвен крст на РСМ во Музеј галеријата во Кавадарци беа изложени слики од симулациската вежба “Хуманитарен одговор 2023” која се спроведе по повод 60 години од земјотресот во Скопје.

            Огромен беше бројот на посетители на изложбата од страна на блиски соработници – партнери од институции, организации,медиуми,волонтери и членови на Општинската организација на Црвен крст Кавадарци.

< врати се назад